Фудбал
Не е се така црно на Балканот, знамиња на Србија, Босна и Хрватска едно до друго на фудбалски меч, причината е едноставна (ВИДЕО)
Фудбалерите на Фенербахче како гости го победија швајцарскиот Лугано со резултат 4:3 во првиот натпревар од 2. прелиминарно коло во Лигата на шампионите, а освен голеадата, внимание привлече и интересен детал на трибините. Имено,режисерот на преносот во еден момент зумирал на трибината со навивачите на Фенербахче, каде истовремено биле закачени три знамиња – на Босна и Херцеговина (неофицијалното, етничко знаме), Србија и Хрватска. Причината за ова е многу едноставна, со оглед на тоа што капитен на Фенер е Един Џеко, а важни алки во тимот се српскиот играч за врска Душан Тадиќ и хрватскиот голман Доминик Ливаковиќ, а навивачите на турскиот клуб на овој начин ги поддржуваат.
Tadic’in asisti Dzeko’nun golü! 💯
pic.twitter.com/nQQUsSesb8— Kapitano Sports (@kapitanosport) July 23, 2024