Фудбал
Не е стресно и страшно да се биде тренер на Реал Мадрид-Погледнете како изгледа Арбелоа сега (ФОТО)
Шпанскиот тренер Алваро Арбелоа пред помалку од еден месец ја презеде клупата на Реал Мадрид, откако на 13 јануари го наследи Чаби Алонсо.
Почетокот на Арбелоа на клупата на Реал воопшто не е сјаен, бидејќи Кралевите веќе на неговото деби загубија од Албасете и беа елиминирани од Купот на кралот.
Потоа Реал под негово водство забележа пет победи и неочекуван пораз од Бенфика во Лигата на шампионите, со кој Кралевите испаднаа од Топ 8 и ќе мора преку плеј-оф да го бараат патот до осминафиналето.
Колку изминатиот месец бил стресен за Арбелоа, покажува и споредбата на неговите фотографии од почетокот и од крајот на овој период.
🚨 Alvaro Arbeloa has lost noticeable weight only 1 month after taking over at Real Madrid.
[El Chiringuito] pic.twitter.com/m7GM6SixfW
— Abdul Captain 💖💯🙋 (@ABDULCAPTAIN001) February 10, 2026