„Не го прави тоа против ПСЖ“, Флик доби предупредување од клубот за утрешниот натпревар

По 11 последователни победи, девет во Ла Лига и две во Лигата на шампионите, Барселона ја очекува исклучително важна недела. Каталонците вечерва ќе се соочат во Лигата на шампионите против ПСЖ, додека за време на викендот е „Ел Класико“ против Реал Мадрид.
Според Кадена СЕР, управата на Барселона и спортскиот директор му испратија јасна порака на Флик за вечерашноиот предизвик. Натпреварот против Парис не дозволува отворен нападен стил и размена на удари, кој Ханси Флик го применува против сите противници, бидејќи тоа би било самоубиство против тимот на Луис Енрике.
Клубот верува дека клучот за успехот е во трпението и поседувањето на топката, како единствени точки што можат да помогнат за можната победа против ПСЖ. Билансот од последните соочувања меѓу двете екипи е на страна на париските.



