Connect with us

Фудбал

Не ми го спомнувај Најдоски, добив повеќе ќотек од него од сите други-Легендата на хрватскиот и југословенскиот фудбал за македонскиот„ѕид“ во одбраната (ВИДЕО)

Кај него не важеше народната поговорка „по утрото се познава денот“. „Дебитирав на Пољуд против Динамо, загубивме 4:0. Многу убав резултат за почеток на сениорска кариера“ – се смее Роберт Јарни на почетокот на ексклузивниот разговор со колумнистот на МОНДО, Небојш Петровиќ, во новата епизода на култното шоу ‘My TOP 11’.

Но, она што е интересно за нас од овој разговор со легендата на југословенскиот и хрватскиот фудбал. Присетувајќи се на дуелите со Црвена Звезда, Јарни вели:

-Решавачкиот гол го постигна Бокшиќ, на додавање на Гргица Ковач. „Една длабока топка меѓу Белодедиќ и оној другиот центархалф како се викааше?

Новинар: Најдоски…

-Уууффф, Најдоски…Не ми го спомнувај тоа име, те молам.

Новинар: Зошто?

-Па, Секогаш кога игравме против Црвена звезда го поминував Гоце Јуриќ кој играше десен бек, го минував Белодедиќ, а ме чекаше Најдоски. И тогаш имаш земја-воздух. Добив повеќе ќотек од него од кој било друг играч во Југославија, вели Јарни.