„Не ми се допаѓа да давам вакви ветувања, но…“ Бруно Фернандеш открива нов клуб?

Во пресрет на натпреварот во Лигата на шампионите меѓу Спортинг и Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш не ја исклучи можноста за емоционално враќање во португалскиот клуб.
Во изминатиов период постојано се шпекулира за можен замин на Бруно Фернандеш од „Црвените Ѓаволи“ во зимскиот трансфер прозорец или на крајот од сезоната, кога му завршува тековниот договор. Многу клубови беа споменати за неговата иднина, како Милан, Јувентус итн. Португалецот не го исклучи враќањето во Спортинг, но не му се допаѓа да дава ветувања.
„Никогаш нема да ја затворам вратата за Спортинг. Тоа е клуб што секогаш ќе има посебно место во моето срце. Спортинг беше првиот клуб што веруваше во мојот потенцијал. Овде секогаш ја почувствував љубовта и добрината на навивачите, без разлика што се случило и тоа беше клучно за мојот развој како играч,“ рече првично Фернандеш.
На прашањето дали би се вратил во португалскиот клуб, тој додаде: „Не можам да го ветам тоа. Не ми се допаѓа да давам вакви ветувања. Времето што го поминав овде ме наведува да размислам дека би сакал да се вратам. Има многу нешта надвор од фудбалот. Ако се создаде таква можност еден ден, зошто да не? Бев среќен овде и би сакал да бидам повторно.“



