Connect with us

Фудбал

Не може еден човек газда во три клуба, англиски тим за прв пат во историјата се пласираше во Европа, но сега му се заканува исклучување!

Оваа сезона, англискиот Кристал Палас за прв пат во својата историја се пласираше во едно од елитните европски натпреварувања под покровителство на УЕФА, но сега би можел да остане без место во Лигата на Европа.

Кристал Палас треба да се натпреварува во Лигата на Европа откако го освои ФА Купот победувајќи го Манчестер Сити со 1-0 во финалето, но сега би можеле да бидат исфрлени од натпреварувањето поради правилата на УЕФА. Проблемот е што неодамнешниот сопственик на Палас, Џон Текстор, веќе има еден клуб во натпреварувањето, Лион.
Правилата наведуваат дека во вакви случаи клубот со повисока позиција на табелата останува во натпреварувањето, а Лион заврши шести во Лига 1, додека Кристал Палас беше 12-ти во Премиер лигата. Како решение беше спомената опцијата Палас да се натпреварува во Конференциската лига, натпреварување од трето ниво на УЕФА, но и таму има и еден клуб во сопственост на Текстор. Тоа е данскиот Брондби, кој е трет во домашното првенство. Така, Кристал Палас е во речиси безнадежна позиција и се чини дека ќе останат без Европа, освен ако не успеат да докажат дека Текстор поседува само 25 проценти од акциите во Лион, како што тврди одборот на Кристал Палас. Доколку Кристал Палас добие забрана за играње во Лигата на Европа, Нотингем Форест од Конференциската лига би влегол во ова натпреварување, на кое Брајтон би играл наместо него.