SportM
Фудбал

Не само Барселона, туку и Интер и Милан во трка за ѕвездата од Премиер лигата, чини над 45 милиони евра

SPORTM.mk3 авг 2026
Не само Барселона, туку и Интер и Милан во трка за ѕвездата од Премиер лигата, чини над 45 милиони евра

Даниел Муњоз е едно од имињата кое продолжува да го привлекува интересот на неколку големи клубови. Колумбиецот е под договор со Кристал Палас до 2028 година, но може да замине ова лето.

Покрај постојаниот интерес на Барселона, во трка за десниот бек од Колумбија влегоа и Милан и Интер, објави експертот за трансфери Екрем Конур.

Сепак, преговорите со Кристал Палас нема да бидат воопшто лесни. Англискиот клуб бара над 45 милиони евра за да го ослободи 30-годишниот дефанзивец, сума што е тешко да се постигне за трите наведени екипи.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.