SportM
Фудбал

Не се пресели во Барселона, но Хулијан Алварез прави значајна промена во кариерата

SPORTM.mk17 сеп 2026
Не се пресели во Барселона, но Хулијан Алварез прави значајна промена во кариерата

Откако не успеа да го оствари трансферот во Барселона ова лето, Хулијан Алварез е подготвен да ги раздели патиштата со Фернандо Идалго, кој му беше агент во текот на целата негова кариера досега.

Во последно време, Алварез често контактираше со агенцијата „The Elegant Game“, која е сопственост на поранешниот играч Хавиер Пасторе, кој исто така го претставува Енцо Фернандез, блискиот пријател на напаѓачот на Атлетико Мадрид.

Според Mundo Deportivo, блискиот круг на Алварез верува дека Идалго не ги раководел работите на аргентинскиот напаѓач на најдобар можен начин.

И против Идалго имало обвинувања и од страна на Атлетико Мадрид, кои го обвиниле агентот за измама и збунување на Алварез.

Во еден од своите јавни реакции, извршниот директор на мадридскиот клуб, Мигел Анхел Гил Марин, го изјави следново: „Хулијан е навистина загрижен. Имаше луѓе кои се обидоа да го измамат, да го збунат,“ рече директорот на Атлетико, насочувајќи го прстот директно кон Идалго.

Сè уште не е познато дали промената на агентот од страна на Алварез, е за да се овозможи трансферот во Барселона во иднина, или за конечно да се поправи скршената врска со Атлетико Мадрид.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.