Не се проблем последните десет минути, проблем е целиот натпревар-Ханси Флик бесен по ремито со Селта
E R24 ное 2024

Фото: tv21m
Фудбалерите на Барселона ремизираа со Селта во Виго – 2:2 во натпреварот од 14. коло на шпанската Примера, а тренерот Ханси Флик го изрази своето незадоволство од сработеното во саботата вечерта.
–Не се само последните десет минути, целиот натпревар. Игравме многу лошо. Ги оставивме премногу лесно да дојдат до гол. Не размислував да го сменам Касадо откако го доби жолтиот картон, бидејќи обично не го правам тоа. Но, проблемот не беше во исклучувањето, туку во нашата игра, имавме многу грешки. Секако дека сакаме да ја промениме ситуацијата. Играчите не се среќни, никој не е среќен, вели Флик.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



