Нејмар одговори на провокациите: Дури и без едно колено, играм подобро од целиот ваш тим

Нејмар повторно се најде во центарот на вниманието, иако овој пат надвор од теренот. Напаѓачот на Сантос, кој е повреден и не играше во победата 2-0 против Атлетико Минеиro, во првиот четвртфинален натпревар од „Копа Судамерикана“, имаше вербална расправија со неколку противнички навивачи на „Вила Белмиро“.
Седејќи во скајбокс и следејќи го натпреварот, бразилецот беше провоциран од навивачите на „Гало“. Во видео кое стана „вирално“ на социјалните мрежи, Нејмар одговори: „Јас, дури и без едно колено, играм подобро од целиот ваш тим“. Не е познато што му рекоа навивачите пред неговата реакција, но изјавата на поранешната ѕвезда на Барселона и ПСЖ брзо се прошири.
Нејмар се опоравува од повреда на десниот бут. Од трибината со емоции ја доживеа победата на Сантос, обезбедена од головите на Вилијан Арао и Олива. Реванш натпреварот ќе се игра на 16 септември во „Белу Оризонте“.



