SportM
Фудбал

„Нема да игра до јануари“, Мурињо го изрази своето мислење за ситуацијата меѓу Атлетико Мадрид и Хулијан Алварез

SPORTM.mk4 сеп 2026
„Нема да игра до јануари“, Мурињо го изрази своето мислење за ситуацијата меѓу Атлетико Мадрид и Хулијан Алварез

На денешната прес-конференција пред натпреварот против Бетис, Жозе Мурињо беше прашан и за ситуацијата што се случи на пазарот меѓу Хулијан Алварез и Атлетико Мадрид.

„Никој не ја познава ситуацијата подобро од Диего Симеоне, и не мислам дека имам нешто да кажам за ова прашање. Она што секогаш го велам е дека играчот треба да биде задоволен кога ќе дојде 1 септември (крајот на пазарот), бидејќи инаку нема да игра до јануари.

Имам чувство дека од вчера, и барем до декември, Хулијан Алварез ќе биде важен играч за неговиот клуб“, рече Мурињо.

Португалецот ја отфрлише идејата дека борбата за титулата во Ла Лига е прашање само меѓу Реал Мадрид и Барселона, инсистирајќи дека Атлетико Мадрид има квалитети да биде силен претендент.

„За мене, Атлетико е еден од кандидатите. Потоа има силни екипи кои ќе се натпреваруваат за местата во Лигата на шампионите, како Бетис и Реал Сосиедад“, додаде Мурињо.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.