Фудбал
Нема стрижење, чекаше 493 денови, но Манчестер Јунајтед го изневери, следна прилика на 20-ти март (ВИДЕО)
Френк Ајлет, во моментов сигурно најпознатиот навивач на Манчестер Јунајтед, синоќешниот натпревар на „Црвените ѓаволи“ против Вест Хем го доживуваше поемотивно од останатите.
Ајлет на 5 октомври 2024 година вети дека ќе се потстриже кога Јунајтед ќе оствари пет последователни победи, а првата „меч-топка“ ја чекаше цели 493 дена.
Јунајтед врза победи против Манчестер Сити, Арсенал, Фулам и Тотенхем, па синоќа имаше можност против Вест Хем да ја запише петтата победа по ред.
Ајлет ги собра пријателите, им дозволи и на своите следбеници да гласаат каква фризура ќе направи кога ќе се ошиша, сè беше подготвено за шишање, но до тоа не дојде. Вест Хем и Манчестер Јунајтед одиграа 1:1, а во судиското продолжение Црвените ѓаволи израмнија и се спасија од пораз.
View this post on Instagram