SportM
Кошарка

Нема веќе Северна на дресовите на Македонија (ВИДЕО)

E R1 авг 2025
Нема веќе Северна на дресовите на Македонија (ВИДЕО)

Фото: tv21m

Со доаѓањето на новиот претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, Томе Главчев, веднаш беше најавено дека ќе биде сменето името на федерацијата, односно од Кошаркарска федерација на Северна Македонија, во Македонска кошаркарска федерација. Тоа беше одлучено на седницата на Управниот одбор одржана пред крајот на месец јуни оваа година.

Иако се уште на сајтот стои КФСМ, па и на социјалните мрежи, сепак првиот човек е направен. Нема повеќе „Северна“ на дресовите на сениорскиот национален тим. На официјалната фотосесија во пресрет на претквалификациите за пласман на СП во 2027-ма, македонските кошаркари се фотографираа со дресови на кои стои меѓународно признаената кратенка МКД. Како што е познато претходно под водство на Перо Антиќ, на дресовите пишуваше North Macedonia!.
Инаку, претквалификацискиот циклус Македонија го почнува утре со почеток во 20 часот против Романија.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.