SportM
Фудбал

„Нема врска со парите, туку со достоинството“, жестока реакција на Атлетико по изјавата на Лапорта за Алварез

SPORTM.mk26 авг 2026
„Нема врска со парите, туку со достоинството“, жестока реакција на Атлетико по изјавата на Лапорта за Алварез

Изјава дадена денеска од Жоан Лапорта за медиумите блиски до каталонскиот клуб, каде што се истакнува дека нивната понуда за Алварез сè уште е на маса, предизвика силна реакција на Атлетико Мадрид.

“Имаме информации дека Атлетико Мадрид сака да го продаде Хулијан Алварез. Значи, нашата понуда е сè уште на маса до крајот на трансфер периодот. Ние сме подготвени да го потпишеме и сакаме Атлетико Мадрид да го знае тоа”, изјави Лапорта.

“Барселона не оштети економски и социјално. Има 0% шанси дека ќе го продадеме Хулијан Алварез на Барса. Нема врска со парите. Станува збор за достоинството. Нема никаква шанса да го продадеме на Барса, бидејќи се води кампања со многу лаги.

Играчот се виктимизира, но единствената жртва на случајот Хулијан Алварез сме ние”, се вели во реакцијата за печатот на мадридскиот клуб.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.