SportM
Фудбал

Немаше црвен картон за Гулер, експлодира поранешен судија: Патетично, ова е лага на Ла Лига

SPORTM.mk19 окт 2026
Немаше црвен картон за Гулер, експлодира поранешен судија: Патетично, ова е лага на Ла Лига

Револт и недоверба по одлуката да не се додели директен црвен картон за Арда Гулер поради удар со лакт кон Пеке, кога резултатот меѓу Реал Мадрид и Севиља беше 0-0. Мадридскиот тим победи со 4-1, а турскиот фудбалер го постигна првиот гол на натпреварот.

Полемиките се зголемија затоа што ВАР не го прегледа инцидентот, бидејќи немаше јасна снимка од акцијата. Поранешниот судија Итуралде Гонзалес реагираше жестоко на „Кадена СЕР“: „Патетично, патетично. Ајде да ги оставиме убавите зборови настрана. Ако претендираме дека имаме најдобра лига во светот, не можеме да имаме вакво ниво на снимки. На стадион од највисока категорија, со 32 камери, не можеме да немаме јасна слика од акт на насилство. Ова е лага на Ла Лига.“

Тој ја продолжи критиката: „Во натпревар Алaвес-Гетафе можев да разберам, со сета почит кон Алавес, затоа што имаат какви камери имаат. Но, на елитен стадион, со 5 или 10 ѕвезди, да немате повторување на можен напад е измама од Ла Лига и телевизиската продукција.“

Севиља протестира за судењето против Реал Мадрид: Одете во музејот на кражбите!

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.