Други спортови
Неправдата е исправена, еве кои македонски спортисти добија национални признанија за врвни достигнувања во спортот
На свечена седница во Владата, беа доделени национални признанија за бројни спортисти во екипните спортови, кои во минатото постигнале успех, но сепак не добиле никакво признание.
Со национално спортско признание за врвни достигнувања во спортот се стекнаа.
– фудбал: Горан Пандев, Дарко Панчев, Илија Најдоски
– кошарка: Петар Наумоски, Перо Антиќ
– ракомет: Кирил Лазаров, Стојанче Стоилов, Владо Недановски, Петар Ангелов, Марко Кизиќ, Марко Мишевски, Мартин Поповски, Валентина Радуловиќ, Елена Ѓорѓиевска, Индира Кастратовиќ, Гордана Нацева, Мирјана Чупиќ, Милева Велкова, Анжела Платон, Лариса Кисељова, Елена Златановска Муратовска, Клара Боева.
Според законските одредби, на спортистот кој стекнал национално спортско признание му се доделува плакета и месечен паричен надоместок во висина од половина до една и пол просечна месечна плата исплатена во Република Македонија во претходната година.
Со измените во Законот за спорт (член 50-а) што ги направи Министерството за спорт, национално спортско признание со кое се стекнуваат спортисти државјани на Република Македонија „може да се додели и на спортист-поединец за освоен златен медал, односно за освоено прво место на официјално европско или светско сениорско клупско првенство од највисок степен во екипните олимписки спортови или во случаите на остварување резултат кој е светски или европски рекорд во олимписки спортови остварен на официјален меѓународен натпревар“.


