SportM
Фудбал

Неправдата ќе биде исправена кон Пандев, Панчев, Најдоски, Лазаров, Петар Наумовски….Ќе добијат национално признание

E R10 јун 2025
Неправдата ќе биде исправена кон Пандев, Панчев, Најдоски, Лазаров, Петар Наумовски….Ќе добијат национално признание

Фото: tv21m

На свечена церемонија што ќе се одржи утре во Владата на Македонија, премиерот Христијан Мицкоски и министерот за спорт Борко Ристовски, ќе им доделат Национално признание на најуспешните македонски спортисти за врвни достигнувања во екипни спортот.

Со национално спортско признание за врвни достигнувања во спортот ќе се стекнат:

– фудбал: Горан Пандев, Дарко Панчев, Илија Најдоски

– кошарка: Петар Наумоски, Перо Антиќ

– ракомет: Кирил Лазаров, Стојанче Стоилов, Владо Недановски, Петар Ангелов, Марко Кизиќ, Марко Мишевски, Мартин Поповски, Валентина Радуловиќ, Елена Ѓорѓиевска, Индира Кастратовиќ, Гордана Нацева, Мирјана Чупиќ, Милева Велкова, Анжела Платон, Лариса Кисељова, Елена Златановска Муратовска, Клара Боева.

Наградени ќе бидат спортистите кои станаа европски шампиони со Кометал Ѓорче Петров и РК Вардар, како и македонските спортисти кои стигнале до трофеј во евро-куповите или интерконтинентални титули со своите екипи.

Досега национално спортско признание добиваа само спортистите од индивидуалните спортови.

Според законските одредби, на спортистот кој стекнал национално спортско признание му се доделува плакета и месечен паричен надоместок во висина од половина до една и пол просечна месечна плата исплатена во Република Македонија во претходната година.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.