Несогласување меѓу Флик и Деко, не се согласуваат за новиот бек на Барселона

Барселона веќе ги започна првите потези за следната сезона, при што засилувањето на центарот на одбраната е еден од приоритетите на летниот трансфер пазар. Сепак, изборот на новиот одбранбен играч донесе несогласувања меѓу спортскиот директор Деко и главниот тренер Ханси Флик, откриваат медиумите блиски до каталонскиот клуб.
Секој од нив има различна визија за профилот на одбранбениот играч кој му е потребен на каталонскиот тим. Германскиот стратег преферира Нико Шлотербек од Борусија Дортмунд, верувајќи дека тој ги поседува потребните квалитети за да ги имплементира неговите тактички идеи.
Од друга страна, Деко преферира доведување на Алесандро Бастони од Интер, гледајќи го како играчот кој може да и понуди на Барселона квалитет кој недостасува во одбраната. Вредноста на играчите на пазарот изнесува околу 60-70 милиони евра.



