SportM
Фудбал

Неверојатно! Овој играч на Реал Мадрид се бара само за една сезона од 8 големи клубови во Премиер лигата

SPORTM.mk9 авг 2026
Неверојатно! Овој играч на Реал Мадрид се бара само за една сезона од 8 големи клубови во Премиер лигата

По трансферот на Карлос Еспи за 25 милиони евра од Леванте, иднината на Бразилецот Ендрик во Реал Мадрид повторно е под сомнение.

20-годишникот кој блескаше во втората половина од минатата сезона во Лион, се врати со големи надежи во Мадрид, но со пристигнувањето на Жозе Мурињо како тренер и пред сè со последниот трансфер на Карлос Еспи, ситуацијата значително се промени за Бразилецот.

Без разлика на несигурноста во Реал Мадрид, интересот за него е многу голем од другите клубови. TeamTALK открива дека 8 познати клубови во Премиер лигата изразиле интерес за едноставно позајмување на Ендрик само за една сезона.

Челси, Арсенал, Ман. Сити, Ман. Јунајтед, Ливерпул, Тотенхем, Астон Вила и Фулам се подготвени за позајмување на Бразилецот за следната сезона.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.