Connect with us

Фудбал

Невиден скандал на ЕУРО 2024, обезбедувањето го повреди капитенот на Шпанија, ќе игра ли во финалето?! (ВИДЕО)

Шпанија се пласираше во финалето на Европското првенство победувајќи ја Франција со 2:1 (2:1), но селекторот Луис де ла Фуенте ќе има главоболка во пресрет на натпреварот против Англија или Холандија на 14 јули во Берлин.

Причина е бизарната повреда на Алваро Мората, капитенот и еден од неговите најважни играчи, за која не се виновни ниту фудбалерите на Франција, ниту самиот шпански напаѓач…

За се всушност е виновна лошата организација на турнирот, откако навивачите уште еднаш „упаднаа“ теренот на Алијанц Арена, додека во обид да ги заштити играчите, еден од работниците од обезбедувањето во таа прилика се лизна и го повреди Алваро Мората.

Напаѓачот веднаш паднал на земја и се фатил за колено, а повеќе ќе се знае по деталните лекарски прегледи. Се подразбира колку би било несреќно Шпанија да биде без него за финалето на Европското првенство, особено на таков навистина невиден начин. Селекторот се обиде да ја спушти топката, рече дека „се ќе биде во ред“, додека другите играчи на Шпанија, кои разговараа со него и новинарите, објавија дека Мората рекол „го боли“.