SportM
Фудбал

Незадоволниот играч од 70 милиони евра на Артета, нова цел може да биде Мадрид

SPORTM.mk20 окт 2026
Незадоволниот играч од 70 милиони евра на Артета, нова цел може да биде Мадрид

Виктор Ѓокереш го изгуби местото во стартната постава и оваа сезона одигра само 323 минути за Арсенал. Швеѓанецот сè уште нема постигнато ниту еден гол, ниту пак асистенција оваа сезона.

Ѓокереш се пресели во Арсенал од Спортинг Лисабон за 70 милиони евра со идеја да го води нападот на Лондончаните, но вистината е дека се претвори во стандарден резервен играч. Тренерот Микел Артета одбира други решенија во нападот пред него.

Во ваква ситуација, заминувањето на Ѓокереш за време на јануарскиот или летниот преоден рок е многу веројатно. TEAMTalk открива дека најверојатна дестинација на Швеѓанецот е Атлетико Мадрид. Ѓокерс се смета за идеален наследник на Хулијан Алварез, доколку овој го напушти клубот, или како идеален партнер за него во нападот.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.