Никој како Шаќири, постигна уникатен рекорд кој тешко некој да го сруши!
Редакција20 јун 2024

Џердан Шаќири постигна гол на шестиот голем меѓународен турнир по ред.
Швајцарскиот фудбалер од средниот ред и член на Чикаго Фајр, го израмни резултатот во 26. минута на синоќешниот натпревар на Европското првенство 2024 против Шкотска (1:1).
Шаќири постигна гол на секое од последните шест Светски и Европски првенства – почнувајќи од 2014 година.
Тој е единствениот играч кој успеал да се запише во листата на стрелците на шест последователни големи натпреварувања.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



