SportM
Фудбал

Николов повторно во Романија!

E R16 сеп 2025
Николов повторно во Романија!

Фото: tv21m

Македонскиот фудбалски интернационалец Бобан Николов, повторно ќе настапува во романската лига. По 12 години Николов „се враќа“ во романски клуб, односно во државата каде и ја почнуваше кариерата. Тој потпиша две годишен договор со романската екипа Констанца.

Последен клуб каде настапуваше македонскиот репрезентативец Николов беше Борац Бања Лука.

Во својата богата меѓународна кариера Николов го носеше дресот и на позната Стеауа (ФЦСБ), потоа МОЛ Фехервар во Унгарија, а има настапувано и во Италија. Николов настапуваше и во „црвено-црниот“ дрес и со Вардар настапи во еврокуповите – Лига Европа групна фаза.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.