SportM
Фудбал

Ниту Белингам не е подобар од Винисиус, погледнете што му направи на Столе Димитриевски (ВИДЕО)

E R5 јан 2025
Ниту Белингам не е подобар од Винисиус, погледнете што му направи на Столе Димитриевски (ВИДЕО)

Фото: tv21m

Случувањата на мечот Валенсија -Реал Мадрид (1:2) и натаму предизвикуваат големо внимание во Шпанија. Во исчекување на казната за Винисиус кој го удри нашиот Столе Димитриевски, а потоа бурно реагираше кон судијата кога доби црвен картон, се појавија и нови видеа.

Во најновото видео во „главна улога“ фудбалерот на Реал Мадрид, Џуд Белингам. Имено, веројатно изреволтиран од црвениот картон на Винисиус, тој се обиде да го полие со вода нашиот Столе Димитриевски, кој само ги рашири рацете веројатно прашувајќи зошто?! Да биде уште полошо, шишето со вода беше токму на голманот на Валенсија, кој остана без вода на овој меч.

Очигледно дека на овој меч играчите на Реал Мадрид ги загубија нервите.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.