SportM
Фудбал

Ноер се повлекува!

Редакција19 јун 2026
Ноер се повлекува!

Голманот на германската репрезентација Мануел Ноер објави дека по Мундијалот ќе се повлече од репрезентацијата. Искусниот голман не беше дел од националниот тим за време на квалификациите, но сепак одлучи да брани на Светското првенство.

Ноер бранеше на првиот натпревар против Куросао, а во најавата на натпреварот со Брегот на Слоновата коска најави дека ги игра последните натпревари за репрезентацијата.

Ова е мој последен турнир, не планирам да учествувам и на Европското првенство по две години. Сакам да се радувам на секој натпревар и не размислувам за потенцијално последниот натпревар, изјави Ноер.

Германија во првиот натпревар го совлада Куросао со 7:1, а дуелот со БСК го играат в сабота во Торонто од 22 часот.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.