SportM
Кошарка

Нов кам-бек и нова победа за македонските кадети!

Редакција14 авг 2026
Нов кам-бек и нова победа за македонските кадети!

Македонската кошаркарска кадетска репрезентација со пресврт стигна до победа на денешниот дуел против Унгарија на Европското првенство дивизија Б во натпревар за пласман од 13-16.место. Македонските кадети постигнаа убедлива победа – 95:76.

По изедначената прва четвртина, во вториот период унгарската репрезентација постигна 32 поена и во финишот на првиот дел имаше предност од 18 поени (51:33).

Но, ако македонската селекција за десет минути прими 32 поена, потоа во вториот дел за 20 минути прими 23 поени, што беше најава за победа особено што и нападот почна да функционира и во второто полувреме македонските кадети постигнаа 59 поени.

Утре во натпревар за 13.место македонските кадети ќе играат против Бугарија, која ја совлада Украина со 78:73.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.