SportM
Фудбал

Новиот тренер на Манчестер Јунајтед бара засилувања, но доби само скромни 50 милиони!

Редакција24 ное 2026
Новиот тренер на Манчестер Јунајтед бара засилувања, но доби само скромни 50 милиони!

Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Маурицио Покетино веќе се подготвува за јануарскиот преоден рок. Неговиот нов тим на првиот натпревар под негово водство претрпе убедлив пораз од 0:4 на гостувањето кај Ливерпул. Единствена олеснителна околност за поразот е тоа што на самиот почеток на дуелот неговиот тим остана со играч помалку по исклучувањето на Лени Јоро.

Покетино планира три засилувања, а ќе добие 50 милиони фунти според англиските медиуми.

Трите позиции на кои планира нови играчи се напаѓач, лев бек и стопер.

Едно од имињата како нов играч е Фоларин Балогун, напаѓачот на Монако со кого соработуваше додека беше селекторот на САД. Проблематична е и позицијата лев бек и се разгледува можноста за ангажман на Рајан Аит-Нури од редовите на Манчестер Сити. За позицијата во средината на одбраната потенцијални нови имиња се Џаред Брентвејт од Еверон или Калвин Бејси од Фулам.

Јануарскиот преоден рок може да биде клучен за Манчестер Јунајтед, кој се наоѓа на 19.место на табелата со 8 бодови и само една победа.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.