SportM
Фудбал

Новото чудо на „Ла Масија“, со само 16 години ги воодушевил сите!

Редакција29 јул 2026
Новото чудо на „Ла Масија“, со само 16 години ги воодушевил сите!

16-годишниот Ебрима Тункара веќе привлече големо внимание за време на подготовките на првиот тим, каде што со своите физички способности ги импресионираше стручниот штаб и соиграчите.

Талентираниот играч од средниот ред, роден во 2010 година, важи за еден од најголемите потенцијали на младинската школа на каталонскиот клуб. Иако е меѓу најмладите на подготовките, покажа дека без проблем може да одговори на барањата за работа со првиот тим.

Тункара настапува за младинските селекции на Шпанија, а минатиот месец беше еден од најдобрите играчи на Европското првенство за фудбалери до 17 години. Беше прогласен за најкорисен играч (МВП) на турнирот, откако на четири натпревари учествуваше кај пет голови на својот тим, со постигнати голови и асистенции.

Германскиот стручњак Ханси Флик во него гледа голем потенцијал, поради што младиот играч од средниот ред е приклучен кон подготовките на првиот тим, каде што ќе има можност дополнително да се докаже.

Во Барселона веруваат дека Тункара може да биде уште еден во низата фудбалски бисери што ги создаде познатата Ла Масија.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.