SportM
Фудбал

Објавена снимката од тепачката помеѓу легендата на Манчестер Јунајтед и навивач на Арсенал (ВИДЕО)

Редакција31 мај 2024
Објавена снимката од тепачката помеѓу легендата на Манчестер Јунајтед и навивач на Арсенал (ВИДЕО)

Продолжи судската постапка меѓу легендата на Манчестер Јунајтед, Рој Кин и 43-годишниот навивач на Арсенал, Скот Леј, а сега во јавноста беа објавени снимки од инцидентот. Имено, двајцата се степаа на 3 септември минатата година по победата на Арсенал против Јунајтед од 3:1. Кин, како што можеше да се слушне во судницата, а пренесуваат медиумите, наводно гестикулирал кон навивачот на Арсенал за време на натпреварот и му рекол „да се сретнеме надвор“. Ло се изјасни за невин за нападот врз Кин, тогаш експерт за Скај Спортс.

На суд се тврдеше дека тој со глава ја удрил легендата на Јунајтед, но снимките од камерата кои протекоа не го покажуваат тоа. На видеото се гледа како Кин го удира Лоу со лакт во главата, а потоа двајцата ги раздели уште еден стручен коментатор н поранешен играч на Манчестер Сити, Мика Ричардс. Судењето продолжува, а исходот ќе биде познат наскоро.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.