SportM
Кошарка

Обвинителството со истрага за националистичките скандирања против Албанците во Куманово на мечот Македонија – Романија!

E R4 авг 2025
Обвинителството со истрага за националистичките скандирања против Албанците во Куманово на мечот Македонија – Романија!

Фото: tv21m

Обвинителството отвори истрага за националистичките скандирања од страна на помала група навивачи за време на кошаркарскиот меч Македонија-Романија одигран во саботата во Куманово. Како што е познато, на овој меч одредени навивачи скандираа против Албанците, а овие немили настани во текот на вчерашниот ден и денеска беше осуден од страна на КФМ, бројни функционери, спортисти, па и премиерот Мицкоски.

Од Обвинителството велат дека е издадена и наредба за обезбедување на снимките од видео надзорот со цел да се идентификуваат сторителите. Натпреварот беше прв од квалификацискиот циклус за Светското првенство во 2027 година, а македонската репрезентација загуби од Романија со резултат 72:80.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.