SportM
Фудбал

Од Димарко до Фабрегас и идеалната формација, Серија А ги објави најдобрите во минатата сезона

SPORTM.mk3 сеп 2026
Од Димарко до Фабрегас и идеалната формација, Серија А ги објави најдобрите во минатата сезона

Италијанскиот фудбал влезе во храмот на културата, „Театро ала Скала“ во Милано, за да ја чествува својата историја и своите шампиони. Во вечер доминирана од Интер, освојувач на шампионската титула и Купот на Италија, Федерико Димарко беше прогласен за најдобар играч на Серија А за сезоната 2025-2026.

© Getty Images

„Да се добие оваа награда тука е навистина специјално. Секоја година се обидувам да додадам нешто. Минатата сезона поставив рекорд за асистенции, додека оваа сезона ќе ги ставам соиграчите во позиција за да постигнуваат што повеќе голови. Мојот пат имаше падови и подеми; мојата сила беше во станувањето по разочарувањата“.

© Getty Images

Интер беше прогласен за најдобар клуб, додека Бепе Марота изјави: „Лигата на шампионите е сон. Имаме должност да се вложиме и право да сонуваме“. Тренерот на Комо, Сеск Фабрегас беше прогласен за најдобар тренер, додека Марко Либерали беше прогласен за најдобар талент на Серија Б, а Нико Паз во Серија А.

© Getty Images

Идеалната формација: Свилар; Палестра, Димарко, Бастони, Аканџи; Чалханоглу, Мактоминај, Модриќ; Лаутаро Мартинез, Нико Паз, Малена. Бастони зборуваше за критиките на социјалните мрежи, додека Мактоминај изјави дека ќе се врати откако ќе го реши проблемот со аритмијата.

 

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.