SportM
Фудбал

Одбив 6 милиони долари за пријателски натпревари во Австралија и Сингапур, ми се чинеше луда идеја да патувам 30 часа

SPORTM.mk24 сеп 2026
Одбив 6 милиони долари за пријателски натпревари во Австралија и Сингапур, ми се чинеше луда идеја да патувам 30 часа

Ми понудија шест милиони долари за да одам во Австралија за еден пријателски натпревар како и во Сингапур за уште еден, но ги одбив“.

Така изјави Аурелио де Лаурентис, сопственикот на Наполи, за време на прес-конференција. Понатаму, тој објасни: „Но што треба да правам, да поминам триесет часа патувајќи, а потоа да се обидувам да се подготвам за сезоната?“.

„Треба да се подготвиме за многуте натпревари што не чекаат и целата оваа идеја ми се чинеше луда. Не ме интересираат милионите“, рече Де Лаурентис.

Наместо тоа, организирав пријателски натпревари во Трентино и Абрјузо, поканувајќи други екипи и плаќајќи им“, изјави претседателот на Наполи.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.