Одегард: Не играме за да го одбраниме трофејот, туку за да го освоиме повторно

Очекувањата значително се зголемија за Арсенал оваа сезона, откако минатата година го освоија својот прв трофеј во Премиер лигата по повеќе од две децении. Досегашните резултати потврдуваат совршен старт, со триумфот во Комјунити Шилд против Манчестер Сити и потоа со две победи во првите две недели во првенството.
Капитенот Мартин Одегард признава дека ова е добар почеток на сезоната: “Ова беше совршен почеток на сезоната за нас. Секогаш е добро да започнеш со победа, со трофеј. Се разбира, ова е нашиот менталитет. Не мислиме дека треба да одбраниме нешто. Сакаме повторно да победиме и тоа е нашиот менталитет”.
”Минатата година заврши сега, сакаме повторно да ја постигнеме таа фантастична серија во првенството. Сакаме да нападнеме и повторно да се бориме за тоа. Но нема да застанеме само тука, бидејќи имаме и други трофеи за кои ќе играме и целиме да ги освоиме. Целта е да освоиме што повеќе трофеи”, рече Одегард.



