SportM
Фудбал

Одложени фудбалските натпревари поради лоши временски услови и безбедносни причини

Ј П1 дек 2024
Одложени фудбалските натпревари поради лоши временски услови и безбедносни причини

Поради обилните врнежи кои траат веќе неколку дена, денешните натпревари од Третата лига Север се одложени. Невремето создаде невозможни услови за игра, што ги принуди организаторите да го одложат целото коло. Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) соопшти дека натпреварите ќе бидат префрлени за наредниот викенд, со цел да се обезбедат подобри услови за играчите и публиката.

Исто така, денеска нема да има фудбалски активности ниту во Првата лига, откако Министерството за внатрешни работи (МВР) побара натпреварите да бидат одложени поради актуелната безбедносна состојба. Целта на оваа мерка е да се спречат можни инциденти и недолично однесување на спортските настани.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.