Официјално! Авантурaтa на Погба во Монако завршува по само една година

Авантурaтa на Пол Погба во Монако веќе заврши. Францускиот играч за врска, кој потпиша со клубот од Кнежевството во јули 2025, одигра само шест натпревари минатата сезона, сите во Лига 1. Монако ја објави одлуката во официјална изјава на нивната официјална веб-страница.
Според „Л’Екип“, играчот ќе остане во Монте Карло за натамошен третман и рехабилитација, со цел да биде целосно подготвен за следната сезона, кога ќе може слободно да се приклучи на било кој тим со слободен трансфер.
“Монако и играчот за врска на француската репрезентација заедно го објавуваат крајот на авантурaтa која започна пред една година. Признавајќи дека првично поставените цели се постигнати само делумно, АС Монако и Пол Погба одлучија да го прекинат договорот кој ги поврзуваше до јуни 2027”, се вели во изјавата.
Додека Погба рече: “Сакам да му се заблагодарам на претседателот и управата, моите соиграчи, целиот тим и сите навивачи кои веруваа во мене. Претставувањето на овој клуб и Кнежевството беше извонредно искуство. Монако е извонреден клуб и, иако не ги одиграв толку натпревари колку што се надевав, секогаш ќе бидам благодарен за можноста да ги носам овие бои”.



