Официјално: Формула 1 се враќа во Африка по повеќе од 35 години

Сега е официјално. Формула 1 ќе се врати да се натпреварува во Африка за првпат по многу повеќе од триесет години, благодарение на нов десетгодишен договор со Руанда. Настанот ќе се одржува во Бугесера, на трајна патека изградена специјално за оваа цел, и ќе се вика Голема награда на Африка.
Ф1 додава уште еден континент во својот календар, отворајќи значајни можности за зголемување на публиката. Формула 1 го објави официјално своето враќање на африканскиот континент за првпат од 1993 година. Сè уште не е одреден точен датум за инаугурациската трка. Целта е трките во Африка да започнат на почетокот на следната декада, штом патеката ќе биде спремна.
Организаторите работат на изградба на комплекс во Бугесера, кој се наоѓа 40 километри од главниот град Кигали и во близина на новиот меѓународен аеродром. Проектот вклучува патека со значителни промени на нивото на теренот, искористувајќи ги природните форми и нагиби на пејзажот.
Враќањето на Формула 1 на овој континент нуди извонреден комерцијален потенцијал. Се проценува дека во Африка има над 100 милиони фанови, од кои 60% во пазарите на субсахарска Африка се под 35 годишна возраст.
Претседателот на ФИА, Бен Сулауем, го прокоментира соопштението: „Враќањето на Светскиот шампионат на Формула 1 во Африка е историски момент за нашиот спорт и значаен чекор за постојаниот глобален раст на моторспортот. Руанда покажала голема посветеност за да биде домаќин на глобален настан и ФИА ќе работи рамо до рамо со ФОМ и нашите партнери додека оваа нова патека се гради по највисоките меѓународни стандарди“.
Поврзани вести

Платите од периодот на Ковид-19, судирот меѓу ЦР7 и Јувентус завршува во суд

Билетите за дуелот Фјури-Џошуа се распродадоа за неколку часа, ќе биде настанот со најголеми приходи во боксот во Англија

