Кошарка
Олимпија Милано се пофали со македонскиот кошаркар, Димитријевиќ и официјално потпиша (ВИДЕО)

Олимпија Милано и официјално потврди дека го ангажирала македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ. Како што објави клубот, договорот е за две години, односно до сезоната 2025/26.
Димитриевиќ со први импресии:
-Навистина сум среќен што се приклучувам на овој голем клуб. Благодарен сум, но и полн со ензузијазам за за оваа одлична можност. Едвај чекам да почнам, изјави Димитриевиќ.
Димитријевиќ доаѓа од УНИКС Казан, а претходно играше за Валенсија и Хувентуд Бадалона.