Други спортови
Олимписките медали почнаа да се распаѓаат, Олимпискиот комитет ветува дека ќе ги поправи
Лука Касаса, директор за комуникации на Организацискиот комитет на Олимписките игри во Милано и Кортина д’Ампецо, изјави дека организацијата ќе ги поправи дефектите во медалите.
– Сакам да го разјаснам прашањето во врска со медалите. Ограничен број медали имаа проблеми. Организацискиот комитет веднаш започна истрага со италијанската организација, ковачницата што ги произведува медалите. Преземаме чекори за да ја поправиме ситуацијата. Спортистите треба да не контактираат доколку нивните медали се скршени. Нека ги вратат, а ние ќе ги поправиме, изјави Касара.
Претходно, неколку учесници на Игрите пријавија проблеми со нивните медали. Сребрениот медал на шведската скијачка Еба Андерсон се скрши и делови се изгубија во снегот, а бронзениот медал на германскиот биатлонец Јустус Стрехлов се откачи од врвката и падна за време на прославата.