Омари Мур од Валенсија: Едвај чекам да заиграм за Македонија

Фото: tv21m
Македонската кошаркарска репрезентација во новиот претквалификациски циклус ќе биде засилена со Омари Мур, еден од најдобрите играчи на шпанскиот евролигаш Валенсија.
Мур ги сподели своите први импресии по доаѓањето во базата на репрезентацијата.
– Целиот тим ме пречека одлично, а на тренинзите се запознав со играта која ја бара тренерот и едвај чекам да заиграм на натпреварот со Азербејџан. Се чувствувам одлично, возбуден сум за новиот предизвик. Ме очекува деби во дресот на Македонија. Првите натпревари се секогаш непредвидливи. Се надевам на добар натпревар. Среќен сум што станав Македонец и ги повикувам сите да дојдат во сала на натпреварот кој ни следи, порачува новиот македонски репрезентативец.
Натпреварот на македонската репрезентација со Азербејџан од претквалификациите за пласман на ЕП 2029 ќе се игра во СРЦ „Кале“ вечер од 19 часот.



