SportM
Фудбал

Омерагиќ: Искрени честитки до Шкендија, ова е значаен придонес за афирмација на македонскиот фудбал

E R19 дек 2025
Омерагиќ: Искрени честитки до Шкендија, ова е значаен придонес за афирмација на македонскиот фудбал

Фото: tv21m

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ испрати честитки на адреса на Шкендија, која и покрај поразот од АЕК Ларнака се најде на 22.то место на табелата во УЕФА Конференциската лига, кое носи пласман во 1/16 финалето односно т.н плеј оф.
-Искрени честитки до Шкендија за изборениот пласман во елиминациската фаза од УЕФА Лигата на конференции.
Успехот е резултат на професионалниот пристап, тимскиот дух и амбицијата за докажување на меѓународната сцена и претставува значаен придонес за промоцијата на македонскиот клупски фудбал во Европа.
Со надеж за уште поголеми достигнувања, им посакувам на фудбалерите и стручниот штаб на Шкендија квалитетни настапи и достојно претставување во продолжението од европските натпревари, порача Омерагиќ.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.