Connect with us

Фудбал

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ

Општинскиот фудбалски сојуз на Свети Николе на вонредно собрание одржано синоќа ја поддржа кандидатурата на Масар Омерагиќ за претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Кандидатурата на 55 – годишниот Омерагиќ беше едногласно поддржана со 16 гласови на состанокот во Свети Николе.

Омерагиќ засега е единствен кандидат за наследник на Муамед Сејдини, кој на 17 ноември објави дека се повлекува од челното место во ФФМ.

Јавна поддршка Омерагиќ да биде избран за нов претседател на ФФМ изминатиот период доаѓа од многу познати поранешни македонски фудбалери, предводени од Горан Пандев, Илија Најдоски, Агим Ибраими, Гоце Седлоски и Ѓорги Христов.

Вонредното изборно собрание на ФФМ е закажано за 22 декември.