Осимен се само понуди на гигантот од Ла Лига, но добива горчлив одговор
SPORTM.mk6 авг 2026

Виктор Осимен без сомнение е еден од најдобрите напаѓачи во светот во моментов. Нигерискиот напаѓач се самопонуди неодамна на Атлетико Мадрид, но доби негативен одговор од нив.
Според Ел Клуб де Урја, претставниците на нигерискиот напаѓач им го понудија својот клиент на раководството на Атлетико Мадрид, за можен договор од 75 милиони евра. Дури, според извештајот, Осимен прифатил и намалување на платата од таа што ја добива моментално во Галатасарај, за да се пресели во Мадрид.
Раководството на Атлетико Мадрид одбило, бидејќи се уверени дека Хулијан Алварез нема да замине ова лето и немаат потреба од друг центарфор.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



