SportM
Фудбал

Остра изјава на Тоти за Дибала: Десетката не се дава на некој што игра добро во шест или седум натпревари…

SPORTM.mk29 сеп 2026
Остра изјава на Тоти за Дибала: Десетката не се дава на некој што игра добро во шест или седум натпревари…

Во неодамнешно интервју за Кориере дело Спорт, по повод неговиот 50-ти роденден, Франческо Тоти зборуваше опширно за неговата кариера, но се осврна и на моменталната состојба на Рома. Тоти не се воздржа да го „пецне“ Пауло Дибала, кој го носи бројот 10 во екипата на жолтоцрвените.

Поранешната легенда на Рома изјави дека овој иконичен број не може да му се даде на играч што игра добро само пет или шест натпревари.

„Бројот 10 за Дибала? Нема да му се даде бројот 10 на некој само затоа што играл добро во пет, шест или седум натпревари. Секогаш сум рекол дека треба да се изгради патека која ќе му овозможи на значаен играч да остане во Рома долго време. Не постојат привремени десетки. На крајот, одлуката дали да се даде десетката на Дибала, Марко или Лука е на клубот“, рече Тоти.

До сега нема реакција од аргентинската ѕвезда.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.