Фудбал
Осум тимови од Франција пред банкрот, распад на системот, а за се е виновен Мбапе!
Додека Франција со недели е во превирања поради политичката ситуација пред изборите, проблемите се натрупуваат и на други полиња. Така сега доаѓа неверојатна вест дека дури осум клуба од најсилната Лига 1 се подготвени да прогласат банкрот, доколку не се постигне договор околу новите ТВ права.
Што е значи тоа? Новата сезона во најсилната француска лига започнува на 16 август, но нема договор кој ќе ги пренесува натпреварите. Првиот човек на тамошната федерација бараше повеќе од милијарда евра по сезона за правата за пренос, имаше разговори со сериозни ТВ куќи, но немаше понуда за главните пакети на директни преноси од 2025 до 2029 година. Најспомнувани беа ДАЗН и беИН, сепак договор не беше постигнат и затоа се споменуваат алтернативи …
Проблемот е што цената на ТВ правата сега е преполовена и нема напредок, што не е изненадување ако се знае дека Килијан Мбапе летово го напушти ПСЖ, како и дека Меси и Нејмар повеќе не играат за овој клуб.
Други големи ѕвезди не пристигнаа во Франција и затоа телевизиските радиодифузери се претпазливи кога станува збор за потпишување договори и тоа може да има далекусежни последици. Според француски „Л’Екип“, клубовите како Оксер, Ленс, Нант, Ремс, Монпеље, Брест, Авр и Анже се дури и во опасност да прогласат банкрот доколку наскоро не се постигне договор околу ТВ правата. Засега нема индикации за промени. Толку лесно може да се случи заминувањето на Килијан Мбапе да го „убие“ францускиот фудбал…