Откако ја преживеа „групата на смртта“ Жанг со порака: Додека сум јас претседател, Интер не е на продажба
Редакција27 окт 2022

Иако малкумина предвидуваа, сепакк Интер ја преживеа „групата на смртта“ во Лигата на шампионите. Со реми и победа против Барселона, а веднаш зад Баерн Минхен, италијанскиот тим успеа да се пласира во осминафиналето во Лигата на шампионите.
Во изминатиот период италијанските медиуми пишуваа дека кинеските сопственици се во потрага по купувачи за Интер, бидејќи финансиски повеќе не можат да го одржуваат клубот поради големиот долг.
Сепак, по мечот со Викторија Плзен и победата од 4:0, со која се потврди пласманот во осминафиналето во ЛШ, Стевен Жанг со порака.
-Не разговарам со никакви купувачи. Се додека сум јас претседател на клубот, Интер не е на продажба, вели Жанг.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



