SportM
Фудбал

Откако Силекс го совлада Динамо Минск, Васоски со порака: Мора да бидеме внимателни!

Редакција10 јул 2026
Откако Силекс го совлада Динамо Минск, Васоски со порака: Мора да бидеме внимателни!

Фудбалерите на Силекс постигнаа важна победа во првиот натпревар од првото квалификациско коло од Конференциската лига откако ја совладаа екипата на Динамо Минск со 1:0. Натпреварот се одигра во Стара Загора, Бугарија бидејќи белоруската екипа поради воената состојба во Украина не може да игра на домашен терен.

Единствениот гол го постигна Есмир Хусакиќ од пенал во финишот на првиот дел.

–   Задоволни сме од резултатот и предноста, но мора да бидеме внимателни, затоа што Динамо Минск е добра екипа и кога игра на гости. На следниот дуел во Скопје мора да останеме мирни и да ја играме нашата игра и само така може да се пласираме во следното коло, изјави тренерот на Силекс, Александар Васовски.

Реванш натпреварот се игра во Скопје на терените на тренинг центарот на ФФМ „Петар Милошевски“, а почетокот е во 20 часот.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.