Connect with us

Фудбал

Откриени скандалозни зборови од лондонското дерби: „Те чекам, ќе те убијам надвор од стадион“

Помалото лондонско дерби меѓу Вест Хем и Челзи секогаш носи тензии, а така беше и вчера кога во конфликт се најдоа Мексиканецот Едсон Алварез и Аргентинецот Енцо Фернандез.

Фудбалерите на Челзи без поголеми проблеми го совладаа Вест Хем со 3:0, па проблемите продолжија за домашниот тренер Хулен Лопетеги, кој веќе е под притисок да поднесе оставка. На секој дел од теренот се чувствуваа тензии, а по третиот гол на Челзи бурно реагираше Едсон Алварез кој го нападна стрелецот Кол Палмер. Во се веднаш се вклучи соиграчот на Палмер, Енцо Фернандез, па за малку ќе бевме сведоци на вистински конфликт. Алварез направи вистински скандал во таа гужва и се закани дека ќе го убие својот ривал од Аргентина. Иако Мексиканецот ја покри устата со рака, коментаторите од овластениот радиодифузер за шпанскиот пазар го преведоа кажаното на овој јазик за време на дискусијата.