SportM
Фудбал

Откритието на минатата сезона во Серија А , помеѓу ПСЖ и Јувентус!

SPORTM.mk3 авг 2026
Откритието на минатата сезона во Серија А , помеѓу ПСЖ и Јувентус!

Зион Сузуки е едно од најспоменуваните имиња во овој преоден рок. Јапонскиот голман имаше многу добри настапи во втората половина од минатата сезона со дресот на Парма, разбудувајќи интерес од многу големи клубови, особено од Јувентус и ПСЖ.

Според „Фут Меркато“, последната понуда на ПСЖ кон Парма за јапонецот изнесува 33 милиони евра, додека клубот од Серија А бара меѓу 35-40 милиони евра. Од друга страна, Јувентус сè уште нема направено официјална понуда.

Јапонскиот голман е во дилема кој клуб да го избере. Во ПСЖ ќе има можност да игра во Лигата на шампионите и да се натпреварува за трофеи, но конкуренцијата меѓу Матеј Софанов и Лука Шевалие ќе биде многу голема.

Од друга страна, во Јувентус има сигурно место на првотимец. Сепак, Сузуки повеќе се наклонува кон актуелните шампиони на Европа, според откривањата на Фабрицио Романо.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.