SportM
Фудбал

Отсечена свинска глава го прекина големото дерби (ВИДЕО)

E R5 ное 2024
Отсечена свинска глава го прекина големото дерби (ВИДЕО)

Фото: tv21m

Големото дерби помеѓу лутите ривали Коринтијанс и Палмеирас беше накратко прекинато откако навивачите фрлија отсечена свинска глава на теренот.

Фудбалерите на Коринтијанс направија големо изненадување совладувајќи го Палмеирас со резултат 2:0. Во некои други ситуации овој резултат не би бил изненадување, но Коринтијанс се бори за опстанок, а Палмеирас за титулата, па овој резултат имаше големо влијание на табелата. Сепак, додека резултатот беше 0:0, навивачите го прекинаа познатото дерби на Паулиста во 28. минута. Бидејќи се градски ривали од Сао Паоло, тензиите се високи секогаш кога ќе се сретнат тимовите.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.