SportM
Фудбал

Ова е Барселона на германски погон, седум од седум во Примера (ВИДЕО)

Редакција26 сеп 2024
Ова е Барселона на германски погон, седум од седум во Примера (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона во седмото коло од шпанското првенство го победија Хетафе со 1:0 и со тоа ја продолжија извонредната серија во новата сезона. Тимот на Ханси Флик ја забележа седмата победа во исто толку одиграни натпревари и е единствениот тим во лигата со 100% учинок.

Каталонците беа подобриот ривал на овој меч, а победата ја постигнаа во 19. минута од средбата кога Полјакот Роберт Левандовски ја погоди мрежата на противничкиот голман. До крајот на натпреварот Каталонците напаѓаа и се обидуваа да се заканат кон голот на Давид Сорија, но не успеаја, па натпреварот заврши со победа на Барселона, 1:0.

Барса и натаму е прва со 21 бод од седум одиграни натпревари, додека Хетафе е на 19. позиција со четири освоени бода. Во следното коло Барселона гостува кај Осасуна, додека Хетафе на домашен терен го пречекува Алавес.

Standings provided by Sofascore

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.